Јсп /Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Патник во ЈСП ем не платил, ем го натепал контролорот

Конторолор во ЈСП на два пати бил натепан од 61-годишен маж кој бил фатен дека се вози без билет. Според информациите, контролорот прво бил извлечен надвор од автобусот и тепан, а потоа на друга станица бил повторно нападнат од истиот човек.

„На 6 април во 13:00 часот во СВР Скопје 42-годишен маж пријавил дека околу 08:20 часот утрото на своето работно место како контролор на ЈСП за наплати и билети, во два наврати бил физички нападнат од О.А.(61) и од две други лица. Според пријавеното, тој го затекнал О.А. без билет, кој веднаш почнал да му се заканува, го извлекол од автобусот и физички го нападнал. Како што е пријавено, тој успеал да влезе во друг автобус, но на друга постојка повторно бил нападнат од О.А., кој овојпат бил со уште две лица“, известија од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот