Патник сакал да влезе во пилотската кабина – авионот од Хјустон морал итно да слета
Лет на авиокомпанијата „Делта ерлајнс“ од Хјустон за Атланта рано утрово мораше итно да слета откако пилотот ја известил контролата на летање дека еден патник се обидел да влезе во пилотската кабина. Во авионот од типот „Боинг 717“ имало 85 патници и пет членови на екипажот, објави Yahoo.
Препорачано
Летот Делта 2557 прогласил вонредна состојба кратко по полетувањето од аеродромот Хоби во Хјустон.
„Имаме патник кој стана и се обиде да влезе во пилотската кабина“, се слуша пилотот на снимката од радиокомуникацијата. „Можете ли да организирате обезбедување да нè пречека?“
Откако потврдил дека кабината е безбедна, пилотот побарал при слетувањето авионот да го пречекаат полиција и итна медицинска помош.
„Му ставивме лисици и се наоѓа во задниот дел од авионот, но нападна друг патник па би сакале да го прегледаат“, изјавил пилотот до контролата на летање.
Авионот сигнализирал вонредна состојба преку својот транспондер и се вратил на аеродромот Хоби околу 17 минути по полетувањето.
Возила на итните служби го придружувале авионот до излезот за патници.
„Пристигнуваат до излезот. Таму чека полицијата“, рекол контролорот на летање до итните служби. „Придружете го авионот до рампата“.


