Мигранти пристигнуваат на грчкиот остров Крит / Фото: EPA/NIKOS CHALKIADAKIS

Партнерите на мигрантите ја чинат британската економија 5,6 милијарди фунти

Партнерите на мигрантите кои доаѓаат во Велика Британија за семејно обединување ја чинат британската економија вкупно 5,6 милијарди фунти (речиси 6,5 милијарди евра) во текот на нивниот живот, според анализата на Советодавниот комитет за миграција (MAC) на британската влада, објави GB Newa.

Според наодите на MAC, повеќе од половина од мигрантите кои доаѓаат во Велика Британија како партнери остануваат невработени. Во периодот од 2022 до 2023 година, околу 51.000 такви мигранти живееле во Велика Британија, а се проценува дека секој од нив извлекува просечно 109.000 фунти (повеќе од 125.350 евра) од јавните средства во текот на нивниот живот.

Вкупно, ова претставува трошок од 5,6 милијарди фунти за британските даночни обврзници, според извештајот, според GB News.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот