Партизан со пресврт до победа против Фенербахче во големиот јубилеј на Обрадовиќ

Фото: КК Партизан

Tимот на Партизан славеше победа во седмиот натпревар од Еввролигата откако вечерва на домашен терен беше подобар од Фенербахче со 85:84.

Натпреварот беше одбележан со големиот пресврт на „црно-белите“ кои одиграа едно очајно и едно одлично полувреме. Во првото Партизан имаше проблеми со играта во одбрана и му дозволи на противникот да постигне дури 56 поени.

Фенербахче од друга страна одлично го користеше шутот од далечина и постигна девет тројки од 19 обиди пред паузата.

Највисоката предност која ја имаше трускиот тим изнесуваше 15 поени, а во третата дојде до 14 разлика, но ниту тоа не им беше доволно за победа. Партизан како што натпреварот се доближуваше до крајот ја намалуваше предноста, за потоа и да поведе со 79:78.

Трагичар за Фенебахче беше Јан Мадар кој при водство на Партизан од еден разлика промаши одлична позиција за два поени. Исто така на пет секунди до крајот Камински испушту топка под кошот.

EВРОЛИГА РЕЗУЛТАТИ:

Олимпијакос – Басконија 74:75

Анадолу Ефес – Жалгирис 86:82

Макаби – Баерн 93:90

Милано – Валенсија 83:52

Партизан – Фенербахче 85:84

Реал Мадрид – Виртус Болоња 100:74

ВИДЕО | Спектакуларна кореографија на „Гробари“ во чест на Обрадовиќ и историската тројка на Ѓорѓевиќ

Жељко Обрадовиќ испиша историја: Прв тренер со 500 натпревари во Евролигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот