ВИДЕО | Спектакуларна кореографија на „Гробари“ во чест на Обрадовиќ и историската тројка на Ѓорѓевиќ

Фото: Screenshot

Навивачите на српски Партизан ја продолжија праксата со фантастични кореографии во натпреварите од Евролигата и тоа во натпреварот во кој Жељко Обрадовиќ прослави голем јубилеј од 500 натпревари во Евролигата.

Обрадовиќ во натпреварот против Фенербахче стана првиот тренер со 500 натпревари во Евролигата, па кореографијата беше во негова чест, но и тројката на Александар Ѓорѓевиќ во финалето на Купот на европските шампиони во 1992 година.

Со таа тројка на Ѓорѓевиќ, Партизан стана континентален шампион, а трофејниот стратег дојде до својот прв од вкупнот деветте пехари во елитното натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот