Фудбалерите на Лестер експресно се враќаат во Премиер лигата

Фудбалерите на Лестер/фото: lcfc.com

На две кола до крајот на натпреварувањето во Чемпионшип, Лестер има четири бода повеќе од Лидс, а второпласираниот има само уште еден натпревар.

Тимот предводен од Џејми Варди веќе во понеделник ќе може да ја обезбеди титулата во Чемпионшип, а тоа ќе се случи доколку победи Престон, а третопласираниот Ипсвич не успее да го совлада Хал.

„Лисиците“ се враќаат во друштвото на најдобрите по само една сезона помината во Чемпионшип.

Фудбалерите на Лестер поголемиот дел од сезоната го поминаа на лидерската позиција, долго време беше на двоцифрена бодовна разлика пред останатите, иако во еден период следеше пад, но не толку голем за да се загрози нивната лидерска позиција.

Клубот кој сензационално стана шампион во Премиер лигата во 2016 година и ги стекна симпатиите ширум светот, повторно е дел од најдобриот фудбалски караван на Островот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот