ВИДЕО | ЛШ: Реал Мадрид со голем пресврт и два гола на Хоселу закажа финале против Борусија Дортмунд

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Реал Мадрид е тим за Лигата на шампионите и вечерва само уште еднаш докажа зошто има 14 титули во ова натпреварување.

Имаше иницијатива Реал Мадрид создаваше прилики, а кога не ги искористи Баерн со голот на Дејвис дојде до водство во 67-та минута. Само четири минути подоцна Канаѓанецот ја погоди и сопствената мрежа, меѓутоа тој гол ВАР го поништи.

Имаше Баерн водство се до 87. минута, а Реал Мадрид тогаш како и многу пати досега во минатото во завршницата постигна гол со кој се врати целосно во игра. Стрелец на погодокот беше Хоселу кој во игра влезе шест минути претходно на местото на Винисиус.

По тој гол следуваше вистинска опсада кон голот на Баерн и веќе во 91. минута Хоселу го постигна својот втор гол за rкомплетен пресврт и пласман во финалето на „кралевите“. Дефинитивно ова се двата најважни голови во кариерата на Хоселу.

Не смее да се заборави и потегот на Карло Анчелоти кој во вистински момент почувствува дека Хоселу може да биде човекот на одлука.

Taка на 1. јуни на „Вембли“ во битка за трофејот во најелитното европско натпреварување ќе се соочат Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот