Ракометарите на Алкалоид до прва историска куп титула

фото: Ракометна федерација на Македонија

Во финалето од ракометниот Куп на Македонија во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје екипата на Алкалоид триумфираше над Еурофарм Пелистер.

Ова е прва куп титула во клупската историја на Алкалоид кој иако ја немаше фаворитската улога пред стартот на завршниот турнир, на крајот ги урна главните фаворити, најпрвин Вардар во полуфиналето, а сега и актуелниот шампион во првенството, Еурофарм Пелистер.

По регуларните 60 минути резултатот на семафорот стоеше 22:22, а во пенал серијата играчите на тренерот Кирил Лазаров славеа со 3:1.

Во редовите на Алкалоид прецизни од седмерец беа Симоновски, М. Митев и Џонов, овој последниот стрелаше за триумф и пехар, а кај битолскиот тим не реализираа Ф. Кузмановски, Радивојевиќ и Ѓорговски.

МВП признанието го понесе Филип Кузмановски од редовите на Еурофарм Пелистер, додека пак најдобар
стрелец беше Богдан Радивојевиќ исто така од битолската екипа.

Наградата за најдобар голман на Ф4 завршницата му припадна на младиот голман на Алкалод, Иван Галевски.

Инаку претходно Алкалоид освои уште еден трофеј, односно стана кадетски шампион на Македонија откако во финалето на Ф4 турнирот во „Автокоманда“ го совлада РК Еурофарм Пелистер 2 со 31:22.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот