Mакедонија го доби првиот учесник на ЛОИ во Париз – атлетичарот Дарио Ивановски!

Фото: Dario Ivanovski/FB

Aтлетичарот Дарио Ивановски на најновата листа во дисциплината маратон за Летните Олимписки игри се наоѓа на 78. позиција од 81 квалификуван спортист, па така ќе има шанса да ја претставува Македонија во Париз.

Ивановски трча во одлична форма и неодамна постави национален рекорд на маратонот во Севиља кој го истрча за 2.08.25. Претходниот рекорд, исто така, беше поставен од Ивановски кој на 3 декември 2023 година во Валенсија ја заврши трката за 02.11.53.

Претходно Ивановски обезбеди норма за настап на Европското првенство Рим кое ќе се одржи во јуни 2024 година, па потоа го чека маратонот на ЛОИ 2024.

Фото: Screenshot/FB

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот