Жељко Обрадовиќ уште две години ќе биде тренер на Партизан

Жељко Обрадовиќ/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот кошаркарски клуб Партизан и легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ се договорија за продолжување на соработката.

Според најавите најдобриот европски тренер на сите времиња ќе продолжи да ги води белградските „црно-бели“ од клупата и во наредниот период.

Тоа е епилогот на неколкумесечните шпекулации дали и под кои услови ќе продолжи соработката меѓу двете страни.

Обрадовиќ дојде во Партизан во летото 2021 година и потпиша тригодишен договор кој истекува на крајот од оваа сезона.

Постигнат е договор за нова соработка на две години, а во оваа прилика претседателот на КК Партизан, Остоја Мијаиловиќ денеска во 15.00 часот ќе има вонредно обраќање пред медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот