Чудесната приказна за херојот на Реал – патот на Хоселу од навивач до човек на одлука

Фудбалерот на Реал Мадрид, Хоселу на мечот против Баерн/фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Во средата навечер во Мадрид, фудбалерите на Реал со пресврт во финишот стигнаа до финалето на Лигата на шампионите.

„Кралскиот клуб“ беше отпишан во реваншот бидејќи имаше негатива 1:0 до 88 минута против Баерн Минхен. Но, радоста на Германците кратко траеше и само три минути подоцна на семафорот стоеше 2:1 за шпанскиот гигант благодарение на двојниот стрелец и резервен играч Хоселу.

Шпанскиот напаѓач доби шанса на крајот од натпреварот и на најдобар начин му се оддолжи на тренерот Карло Анчелоти, кој, инаку, по шести пат ќе го предводи тимот во борбата за трофејот на елитното европско клупско натпреварување.

Реал во Хоселу дојде во 2023 година на позајмица од второлигашот Еспањол, а таа магична вечер влезе во срцата на сите навивачи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Една година претходно тој беше во Париз кога клубот го играше финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, но не како играч, туку како навивач. Тимот на Анчелоти го освои пехарот со минимален резултат (1:0), а сега тој им помогна да се изборат за ново финале во ЛШ.

Хоселу дојде до 17 гол сезонава, а петти како резервен играч и сето тоа за само 1,5 милион евра колку што Реал плати за неговите услуги.

Финалето во ЛШ е закажано за 1 јуни на „Вембли“ во Лондон, а противник на Реал Мадрид ќе биде Борусија Дортмунд која го елиминираше ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот