Парите од традиционалната обиколка за Водици во Бардовци дадени за лекување на малиот Ангел

Семејството Аврамоски немаат финансиски средства за да продолжат со понатамошно лекување на малиот Ангел затоа се замолуваат сите хумани граѓани кои се во состојба да помогнат.

Парите собрани од традиционалната обиколка на домовите на верниците со светиот крст во скопско Бардовци, скокачите ги подарија на малиот Ангел Аврамоски.

Парите на Ангел од селото Злокуќани му се потребни за лекување, откако бил повреден од тешка лулашка, по што цели две недели бил во кома.

– Лекувањето на малиот Ангел е се уште во тек. Нека бидат пример овие млади момци, ова е одговорност, хуманост, етика, смислата на животот, солидарност кон околината, ова е тоа кое не прави големи. Да сте живи и здрави дечки – се наведува во објавата. Среќниот скокач по светиот крст во с.Бардовци,заедно со останатите скокачи оваа годината наградата и паричните средства собрани од жителите на с.Бардовци беа донирани на 13-годишниот Ангел Аврамоски од с.Злокуќани кои доживеа голема несреќа по која помина 2 недели во кома, се вели во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Семејството Аврамоски немаат финансиски средства за да продолжат со понатамошно лекување на малиот Ангел затоа се замолуваат сите хумани граѓани кои се во состојба да помогнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот