Паратичи потврди: Нема договор со Суарез, не е само Џеко опција!

фото: fcbarcelona.com

Иако најавите беа дека шампионот во Серија А постигна личен договор со уругвајскиот репрезентативец, на крајот Јувентус одлучи да се откаже од намерата да биде реализиран трансфер.

Јувентус се откажа од намерата да го ангажира напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, потврди спортскиот директор на клубот од Торино, Фабио Паратичи.

Се очекува 33-годишниот фудбалер да ја напушти каталонската екипа во тековниот преоден рок откако новиот тренер Роналд Куман одлучи дека напаѓачот нема место во неговите планови за во иднина.

Првиот список на Куман, сега сè е јасно! (ФОТО)

Јувентус се појави како фаворит за да го ангажира Уругваецот, дури и постигна договор со шампионот во Серија А за договор од 10 милиони евра, а потоа отпатува во Италија на испит за италијански јазик за да добие пасош.

Но, Јуве стана песимистичен во однос на нивните надежи за реализација на трансфер и новиот тренер Андреа Пирло неодамна призна може да има пречка заради бирократските проблеми околу обезбедувањето пасош.

„Бјанконерите“ сега одлучија да стават крај на нивните напори и да бараат други опции во нападот пред да треба да ја известат УЕФА за нивниот тим во Лигата на шампионите.

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

– Суарез може да биде отстранет од листата, бидејќи времето кое е потребно за да се добие пасошот е подолго од преодниот рок или моментот кога треба да го предадеме списокот на играчи за настап во Лигата на шампионите – рече Паратичи за „Скај Спорт“.

Јуве исто така се поврзуваше и со трансфер на напаѓачот на Рома, Един Џеко, со извештаи во кои се тврди дека тие веќе постигнале договор со репрезентативецот на Босна и Херцеговина.

Паратичи вели дека 34-годишниот Босанец не е единствената опција која ја разгледуваат и вели дека нема да брзаат да обезбедат потпис.

– На Јувентус му треба централен напаѓач. Во моментов размислуваме само на еден напаѓач, а не на двајца. Знаеме што сакаме и работиме на тоа смирено, има уште 15 дена од преодниот рок и не брзаме. Постојат и други опции, не е само Џеко – додаде спортскиот директор на италијанскиот првак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот