Палмер: Силно го поддржуваме Преспанскиот договор

Силно го поддржуваме Преспанскиот договор. Сметаме дека неговата целосна имплементација ќе придонесе за мирот, сигурноста, стабилноста, дека ќа го поддржи просперитетот на С. Македонија, Грција, поширокиот регион. Би сакале ова да се движи напред. Разбираме дека е во тек политичка кампања, дека политичарите ќе направат се што можат пред граѓаните. Стретешки гледано, сметаме дека сите инволвирани ќе ја разберат важноста на одржување силно партнерство меѓу С. Македонија и Грција и ќе соработуваме со нашите партнери во Скопје, без оглед кој ќе победи во изборниот процес, во поддршка на целите на САД и на европската иднина на С. Македонија, вели специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер, даде интервју за „360 Степени“.

Американскиот дипломат за македонско членство во НАТО вели:

– Го вреднуваме партнерството на воено ниво со С. Македонија, која ја покажа својата посветеност и подготвеност да биде силен сојузник, ја покажа својата посветеност и подготвеност да застанат рамо до рамо со нас. Земјата ја покажа својата волја и подготвеност за развој и изградба на воена структура неопходна за учество како целосен партнер и сојузник во НАТО и да биде силен и способен партнер. Секако, има реформи кои се неопходни, вклучувајќи и на ниво на генерали. Работа на С. Македонија е да ги спроведува тие реформи, но со поглед на исполнување на своите обврски како членка на НАТО, како партнер во Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот