Српска полиција / Фото: Профимедиа

Падна српски камионџија со 50 килограми марихуана, ја носел од Унгарија

Полицијата во Нови Сад, во соработка со Вишото јавно обвинителство, го уапсила 53-годишниот Д.Р. од Чачак, откако во неговиот камион била пронајдена голема количина дрога, објави српски „Телеграф“.

Акцијата е спроведена ноќта меѓу 19 и 20 февруари 2026 година.

Според наводите на обвинителството, осомничениот возел камион кој влегол во Србија од правец на Унгарија. При деталниот претрес на камионот, полицијата открила и запленила 50 килограми марихуана спакувана за понатамошна продажба, 2.350 евра во готово, за кои постои сомневање дека потекнуваат од трговија со наркотици, два телефона за кои, како што се претпоставува, биле користени за договарање нелегални зделки.

Освен дрогата и парите, од осомничениот привремено е одземен и камионот со кој управувал.

Д.Р. се товари за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги“, а ова дело законот предвидува строга затворска казна во траење од три до 12 години.

„На осомничениот му е определено задржување до 48 часа. Тој во законскиот рок ќе биде приведен на сослушување во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, по што ќе се одлучува за понатамошните чекори во истрагата“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Од обвинителството најавија дека ќе продолжат со спроведување на сите неопходни доказни дејствија за целосно расветлување на случајот.

Во тешкиот товар со лесна дрога имало и кокаин? ОЈО објави детали за патот на „тревата“ од Струмичко до Шумадија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот