Овој заменик министер ги кренал нозете нагоре во службено возило, па веднаш го разрешија (ФОТО) – Слободен печат
ВестиРегион

Овој заменик министер ги кренал нозете нагоре во службено возило, па веднаш го разрешија (ФОТО)

Денеска го ослободив од функцијата заменик-министерот на Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој, информирал Харадинај.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово, Шукри Маџуни, пред некој ден бил сликан во службениот автомобил додека ги држел нозете кренати покрај шофершајбната, но денеска тој бил разрешен од косовскиот премиер.

– Денеска го ослободив од функцијата заменик-министерот на Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој, Шукри Маџуни – изјавил премиерот Харадинај, пренесува Телеграфи.

Сликите од Маџуни со нозете на шофершајбната од службеното возило, предизвикаа бурни реакции во косовската јавност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close