ВИДЕО | Овој трик при нанесување маскара го подмладува лицето и го отвора погледот
Многу љубителки на убавината се согласуваат дека, кога би требало да изберат само еден производ од својата козметичка торбичка, тоа најчесто би била маскарата. Со неколку потези, таа го отвора погледот и визуелно го подмладува лицето.
Препорачано
Иако изгледа едноставно за користење, разликата е очигледна кога маскарата ја нанесува професионален шминкер и кога тоа го правиме сами дома. Клучот, како што велат експертите, е во техниката.
Шпанската шминкерка Марија Санчез сподели едноставен трик за создавање ефект на подигнати и повиткани трепки, дури и кај оние кои природно не се такви.
„Не мора да купите скапа маскара. Ова можете да го постигнете со производот што веќе го имате дома“, вели таа.
Нејзиниот совет е најпрво да се нанесе маскарата на вообичаен начин, а потоа да се додаде втор слој само на врвовите на трепките, со цик-цак движења. Така се добива впечаток на подигнати, подолги и погусти трепки, без да се оптоварат.
Како финален чекор, таа препорачува трепките нежно да се притиснат со прстите неколку секунди.
„Ако сакате едноставно да ги обликувате трепките, само допрете ги со врвовите на прстите по нанесувањето маскара и ќе изгледаат прекрасно“, додава шминкерката.
За да се избегне размачкување, таа советува да се користи мало огледало поставено под лицето, со благо подигната брада.
Дополнително, за понагласен ефект, може да се користи и виткач за трепки, кој и покрај новите трендови и третмани, останува ефикасна алатка за постигнување драматичен изглед. Најдобар резултат се добива ако најпрво се користи виткачот, а потоа се нанесе маскарата со техниката на двоен слој.


