Овој хороскопски знак крши најмногу срца во целиот Зодијак!

Некои знаци во зодијакот се родени срцекршачи. Тие попрво ќе ве оддалечат од себе, на груб начин ќе ве отфрлат и ќе ви го скршат срцето само за да немате причини да ги повредите.

Некои хороскопски знаци мислат дека љубовта е игра, а победник е оној кој ќе го скрши срцето на другата личност. 

Тој нема проблем да ве уништи емотивно, а најверојатно и ќе ужива во тоа да ве посматра додека се кршите на илјадници парчиња. Заздравувањето од ваквата болка може да трае и со години, а секогаш е подобро да се спречи порано.

Внимавајте на Стрелците!

Стрелците се брутално искрени, поради што се сметаат за најголеми срцекршачи во зодијакот, кои се способни на најлош начин да ги повредат туѓите чувства.

Тие без никакво воздржување ќе ви кажат се што чувствуваат, а нема да се потрудат ниту малку да ја олеснат ситуацијата. Очекувајте дека се ќе ви кажат брутално искрено, не трудејќи се да сокријат ниту еден детаљ за да ви олеснат. 

Нивната груба природа може да ги повреди другите луѓе, посебно доколку се работи за чувствителни луѓе. Кога Стрелецот ќе дознае дека нивниот партнер не може да ја поднесе нивната брутална искреност, тоа ќе го изнервира и работите во врската можат наеднаш да се свртат.


Наместо да се обидат да ги решат работите, личностите родени во овој хороскопски знак само ќе посакаат да ја прекинат врската за да можат да продолжат да зборат што сакаат, без страв дека некој ќе ги „спушта“ поради тоа.

Во нивниот свет ништо не е стабилно. Стрелците најчесто од досада сакаат да повредуваат. Во еден момент можете да сте им се на светот, а веќе во следниот нема да им значите ништо.

Овој знак обично во текот на животот има многу љубовни врски, па дури и премногу партнери за во некој момент да сфати која личност од сите тие навистина значела. Доколку сфати, ќе биде доцна.

Освен Стрелците, на листата за најголеми срцекршачи се наоѓаат и Водолиите токму поради својата непредвидливост која може да ги олади партнерите, како и фактот дека не се спремни за компромиси.

Третото место го имаат Близнаците кои не се посветени во врската и се исклучително неодлучни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот