6 C
Скопје

Овие се условите што ги бараат малцинствата од Косово за новата Влада на Курти

Некои од малцинствата за кои се очекува да освојат места во Собранието на Косово имаат свои услови за идната Влада на Косово. Движењето Самоопределување на Албин Курти сè уште не е сигурно дали ќе освои апсолутно мнозинство во парламентот, онсоно дали ќе има потреба од мала постизборна коалиција.

Централната изборна комисија веќе ги пребројува гласовите од дијаспората кои стасаа по пошта. Но, според досегашниот тренд на верификација  околу 30% од гласовите од дијаспората може да се прогласат за неважечки.

„Досега, од околу 16.800 пликови со гласачки ливчиња кои го поминале процесот на верификација, одобрени се околу 11.800, додека околу 4.950 пликови со гласачки ливчиња се прокласени за неважечки. Причините за нивното одбивање се различни“ рече портпаролот на Централната изборна комисија Валмир Елези на прес конференција.

Според првичните резултати, Самоопределување  освои 47,85% од гласовите, што според проекциите може да се претвори во 56 пратенички места во собранието. Со гласовите од дијаспората, болните од ковид-19, немоќните и затворениците кои гласаа во посебни услови, прогнозата дека Самоопределување ќе освои максимум 59 места во собранието. Односно, на Курти ќе му фалат две пратенички места потребни за да може сам да формира влада.

До сега, претставниците на Самоопределување, влучувајќи го и вториот човек на партијата, Глаук Коњувца исклучуваат каква било можност за покана на која било албанска партија за соработка и велат дека ќе бараат партнери меѓу, со исклучок на Српска листа.

Прочитајте и...  Принцот Филип ќе биде погребан денеска

„ Српската листа нема да може да условува како во владата на Хоти Мораме да сториме 61 пратеник без Српската листа“, рече Коњуфца.

Политичките субјекти на малцинствата во Косово имаат 20 места во Собранието на Косово, кои се загарантирани со Уставот. Десет се загарантирани за претставниците на српската заедница на Косово.

Партијата на косовските Срби обвинува: Бевме сведоци на несовесна кражба на гласови и изборен инженеринг во српските заедници на Косово

Во меѓувреме, гарантирани се уште десет места за другите малцинства. Од нив, три места припаѓаат на бошњачката заедница, две места на турската заедница, за претставниците на ромската, ашкалиската и егијанската заедница од едно место и дополнително место за една од овие заедници, која ќе освои најмногу гласови. Едно место е на горанската заедница.

Прочитајте и...  Општина Тетово: Свлечиштето кон Бањиче е последица на планирани активности

Врз основа на досегашните ставови, кандидатот за движење Ветевоносје за премиер Албин Курти не може да смета на сите гласови на партиите од малцинските заедници кои не се од српската заедница. Адријана Хоџиќ која за сега води со најмногу гласово од бошњачката заедница, со нејзината иницијатива „Обединети заедно изјави дека има еден условкој ќе бара да биде исполнет од новата Влада.

 „Моето барање е формирање на две општини со бошњачко мнозинство. Едната во регионот на Призрен, а другата во Пеќ“, рече Хоџиќ за косовските медиуми.

Претседателот на коалицијата на босанските партии „Вакат“Расим Демири за Радио Слободна Европа изјави дека се подготвени да работат со секоја влада, вклучувајќи го и господинот Курти 

Подготвени за соработка со владата предводена од Самоопределување исто така се и од Турската демократска партија на Косово, која според проекциите, ќе има две места во собранието, загарантирани за оваа заедница. Ова за Радио Слободна Европа го потврди лидерот на КДТП, Фикрим Дамка.

Прочитајте и...  Научниците ја создадоа најбелата бела боја

Елберт Красниќи, од египјанската заедница изјави дека Кутри може да смета и на нивната поддршка.

Сепак, тој изрази загриженост за застапеноста на другите заедници, бидејќи, како што рече, тие ќе бидат контролирани од Српска листа.

Ќе се соочиме со нова ситуација, каде што некои заменици во заедницата ќе бидат контролирани од Српската листа“, рече Красниќи за РСЕ.

Дануш Адеми кој освои уште еден мандат во Собранието на Косово, како претставник на заедницата Ашкали има конкретно барање. Тој за Радио Слободна Европа рече дека да се биде дел од владата има единствен услов.

„1000 куќи да бидат изградени во следните четири години од следната влада за сиромашните од сите заедници. Немаме други услови и подготвени сме да соработуваме со идната влада Курти“, рече Адеми.

Поврзани вести

Вучиќ: Србија ќе биде велесила во производството на вакцини

Слободен печат

Лекарот на Навални предупреди дека неговото здравје се влошува

Слободен печат

ВИДЕО: Пентагон потврди, објавената снимка со НЛО е вистинска

Слободен печат

Чешка протера 18 руски дипломати, обвинети се дека работеле за специјални служби

Слободен печат

Вучиќ за нон – пејперот на Јанша: Ниту сум видел мапа, ниту пак план – се залагам за постојните граници

Слободен печат

Веља Невоља и Месар во паника: Пронајдена ДНК трага од нивна жртва – мислеа дека ако „нема тело – нема дело“

Слободен печат

Остави Коментар