Овие денови во октомври ќе ви го променат животот: Kога ќе ја сретнете вашата сродна душа?
Месецот октомври ја носи енергијата на бројот 8, ова е последната деценија од годината, последниот квартал, кој за некои бројки може да биде иницијален и напреден на љубовен план. Бројот 8 е бројка која покрај финансиите, бизнисот, законите, редот и дисциплината, има влијание и на страста, желбата, но и на емоциите, пишува „Жена.блиц“.
Препорачано
Најсилно влијание ќе има кај мажите. Сепак, ни жените нема да поминат незасегнати, па ако сте сингл, незадоволни од љубовниот и сексуалниот живот и копнеете за нешто ново, возбудливо – еве кои датуми во октомври може да ве најде среќата:

13 октомври
Овој ден е во знакот на енергијата на броевите кои симболизираат движење. Можете да сретнете сакана личност на кратки патувања, во соседството, во училиштата, на факултетите и воопшто во образовните институции. Исто така, таа личност може да биде странец во вашиот град, личност на која одеднаш може да налетате и да започнете разговор. Таа личност можеби е помлада од вас.
23 октомври
Кобен ден кој ја носи енергијата на кармата. Можете да ја запознаете вашата сродна душа, а чувството кога ќе се сретнете ќе ви каже дека „го/ја знаете 100 години“. Ден во кој ќе се случат револуционерни работи. Средби и познанства може да се реализираат во близина на некои стари згради, во некое ретро кафуле, ресторан, во некоја традиционална зграда, во рустикален дел од градот, во село и слично.


