Ова ретко се случува: Ѓоковиќ и Надал со порази доаѓаат на „Австралија опен“

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Несекојдневна ситуација се случи во јануари годинава, откако и Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал доаѓаат на „Австралија опен“ со претходни порази. Отвореното првенство во Мелбурн оваа сезона започнува на 14-ти јануари и ќе трае до 28-ми.

Српскиот тенисер Ѓоковиќ имаше две победи во „Јунајтед купот“ во Перт против Жанг и Лехечка, пред да биде поразен од Алекс де Минор. Надал ги победи Доминик Тием и Џејсон Кублер пред да биде елиминиран од Томпсон во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн.

Ова е само четврти пат и двајцата тенисери со претходни порази во јануари да дојдат на првиот Грен слем во годината.

Тоа за прв пат се случи во 2005 година, кога Надал загуби од Љубичиќ во Доха, а Ѓоковиќ од Бејкер. Потоа во 2009 година, кога Надал беше елиминиран од Момфис во Доха, а Новак од Гулбис во Бризбејн, односно Ниеминен во Сиднеј.

Последен пат ваква ситуација се случи во 2015 година, кога Шпанецот беше поразен од Берер, а Новак од Иво Карловиќ во четвртфиналето во Доха.

Но, добро е познато дека токму 2015 беше една од најдобрите години во кариерата на Ѓоковиќ. По поразот од Карловиќ го освои Австралија опен, подоцна освои четири титули на мастерс турнирите, а потоа во финалето на Ролан Гарос беше поразен од Стен Вавринка со 3:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот