Ова мора е шега: Ибрахимовиќ лут поради Кулушевски!

epa08561139 Parma's Dejan Kulusevski scores by penalty during the Italian Serie A soccer match Parma Calcio vs SSC Napoli at Ennio Tardini stadium in Parma, Italy, 22 July 2020. EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Шведска беше поразена од Франција на почетокот од Лигата на нации со 1:0, стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Килијан Мбапе.

Швеѓаните не се толку лути поради поразот, туку поради една одлука на нивниот селектор, Јане Андерсон. Фудбалерот со македонско потекло Дејан Кулушевски е член на најдобрата шведска репрезентација, а од оваа година е дел од Јувентус.

Се очекуваше дека ќе се најде во стартниот состав на Шведска за дуелот со светскиот шампион, но немаше место за Кулушевски. Тој доби шанса да игра во последните 20 минути, но не успеа многу да промени на резултатски план.

Кулушевски: Лесно ја избрав Шведска пред Македонија!

Одлуката ми беше чудна, но морав да ја почитувам. Се надевав дека ќе се променат нештата со моето влегување на теренот. Но, бев шокиран што не се најдов во стартниот состав, се чувствував одлично на тренингот пред мечот – вели Кулушевски.

Еве ја и реакцијата на неговиот селектор:

Има квалитет, ќе видиме дали ќе добие повеќе минути во вторник (против Португалија). Дали сега можеме да зборуваме за оние кои играа? Мислам тоа е многу поинтересно – рече Андерсон.

И еден од најдобрите шведски фудбалери Златан Ибрахимовиќ го гледаше новиот настап на репрезентацијата и воедно го даде својот коментар на социјалните мрежи, незадоволен поради одлуката Кулушевски да биде на клупата.

Ова мора да е шега. Нови докази дека неспособни луѓе на погрешни места го гушат шведскиот фудбал – напиша Ибра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот