Португалците ја растурија Хрватска, Англија со трик ја сочува победата (ВИДЕО)

epa08649763 Portugal national team player Andre Silva (R) scores the fourth goal during the UEFA Nations League soccer match, League A, group 3, Portugal vs Croatia, held at Dragao stadium in Porto, Portugal, 05 September 2020. EPA-EFE/FERNANDO VELUDO

Во дербито на вечерта во Лигата на нации, Португалија со убедливи 4:1 ја совлада Хрватска.

Иако и двете репрезентации настапија без своите најдобри играчи, Кристијано Роналдо од едната и Лука Модриќ и Иван Ракитиќ од другата страна, домашната репрезентација успеа да оствари убедлив триумф.

На стадионот „Драгао“ во Порто, Португалците беа далеку подобар противник, упатија дури 24 шута кон голот на Доминик Ливаковиќ, додека „коцкестите“ на спротивната страна имаа само три шута.


Селекцијата на Португалија, доминантната игра ја крунисаа во 41. минута преку Кансело откако претходно дури три пати ја погодија стативата на Ливаковиќ.

Во вториот дел, Жота и Феликс со головите во 58. и 70. минута ги решија дилемите околу победникот, за во судиското продолжение и двете репрезентации да постигнат по еден гол за конечни 4:1.


Актуелниот светски шампион Франција благодарение на голот на Килијан Мбапе во 41.минута ја совладаа Шведска, а Белгија славеше со 0:2 на гостувањето кај Данска.


Англија едвај дојде до победата на гости кај Исланд и тоа со голот на Рахим Стерлинг во 91. минута од пенал. Исланѓаните имаа можност да израмнат во 95. минута, ударот на Бјорнасон заврши над голот на Пикфорд.


Големи заслуги за промашувањето на Бјорнасон има англискиот репрезентативец Џејмс Ворд-Праус кој се послужи со лукавство, односно непримеен од судијата го поткопа местото на белата точка и му ја отежна позицијата за удар на исландскиот репрезентативец.


Резултати:
Лига А
Исланд – Англија 0:1
Данска – Белгија 0:2
Португалија – Хрватска 4:1
Шведска – Франција 0:1

Лига Ц
Македонија – Ерменија 2:1
Азербејџан – Луксембург 1:2
Кипар – Црна Гора 0:2
Естонија – Грузија 0:1

Лига Д
Гибралтар – Сан Марино 1:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот