Кулушевски: Лесно ја избрав Шведска пред Македонија!
Анел Амелџохиќ не е толку познато име на фудбалската мапа, тој беше дел од младинските репрезентации на Шведска. А кога дојде моментот за која сениорска селекција да игра, одлучи да го облече дресот на Босна и Херцеговина од каде што има и потекло.
Препорачано
Ваквата одлука ја коментираше и Дејан Кулушевски, фудбалер кој имаше право да игра за најдобрата репрезентација на Македонија, но на крајот се одлучи за Шведска.
– Лесно ја избрав Шведска пред Македонија. Мојата желба беше да ги бранам боите на шведската репрезентација. Каква била ситуацијата со Амелхоџиќ и зошто одлучил да настапува за БиХ, не знам, тој си знае најдобро. Доколку тој мисли дека тоа е права одлука, тогаш така нека биде. Понекогаш е тешко да се заборави своето потекло – вели Кулушевски.
Кулушевски своевремено ги бранеше боите на македонската репрезентација до 16 години, роден во Шведска, неговото потекло е од охридскиот крај, поточно неговиот татко е охриѓанец.
Еден од најперспективните играчи во Италија и пошироко, моментно е дел од шампионот Јувентус каде што настапува и Кристијано Роналдо, а минатата сезона играше на позајмица во Парма.


