„Ова е за во затвор“: Бекам повторно ја бакнува ќерката во уста (ФОТО)

Foto: Gettyimages / Richard Heathcote

Познато е дека фудбалерот Дејвид Бекам своите деца од раѓање ги бакнува во уста, но последната фотографија, на која ќерката Харпер ја бакнува во уста на трибини, предизвика остри реакции на социјалните мрежи.

Бекам ја одведе својата ќерка на натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство во фудбал за жени, па така Харпер од трибините навиваше за англиската репрезентација.

Во навивачкиот жар, Бекам ја бакна Харпер во уста, а фоторепортерите го забележаа тој момент. Тоа предизвика лавина коментари и остри осуди упатени на сметка на славниот фудбалер.

Многумина сметаат дека Бекам претерал и дека фотографијата ги преминала сите граници на човечките вредности, морал и етика.

„Ова е за во затвор“, напиша еден корисник на Твитер.

Инаку, покрај Дејвид, и неговата сопруга Викторија Бекам, исто така, сите свои деца ги бакнува во уста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот