Ова е највредната компанија на светот

Откако акциите на нафтната компанија „Арамко“ за првпат се појавија на берзата, таа стана највредната компанија на светот со пазарна вредност од два трилиони долари.

Саудиската нафтна компанија „Арамко“ достигна пазарна вредност од два трилиона долари, ден откако нејзините акции првпат се појавија на берза.

„Арамко“ стана највредната компанија во историјата кога на вчерашното деби на берзите беше проценета на 1,87 трилиони долари, што во меѓувреме порасна за уште десет отсто.

Таа го остави „Епл“ далеку на второто место со вредноста од 1,19 трилиони долари, иако само 1,5% од акциите на „Арамко“ биле продадени на инвеститори, исклучиво од Саудиска Арабија и Блиски Исток.

Следни на листата највредни компании во светот се „Мајкрософт“, „Алфабет“, „Амазон“ и „Фејсбук“.

„Арамко“, која е во државна сопственост, е најголемиот производител на фосилни горива во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот