Ова е најопасниот шармер меѓу хороскопските знаци!

Темпераментни и страсни, Лавовите секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието. Во друштво се најгласни, а кога некој им се допаѓа тоа го покажуваат, не го кријат. Тие се вистински бесрамни заводници и вешти во кревет, така што ретко се случува некој да не „падне“ на нивниот шарм.

Иако се многу лојални, заштитнички настроени и срдечни кога вистински ќе се вљубат, додека тоа не се случи Лавовите се прави женкари и измамници во љубовта.

Сакаат да привлекуваат внимание кога некој ќе се вљуби во нив, но за некое време тоа угодување може да им здосади па си заминуваат без објаснување. Затоа, ако решите да влезете во врска со Лав, најдобро е да не го опсипувате веднаш со чувства, туку да останете мистични и да си играте топло-ладно се додека не видите дека тој е вљубен во вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот