Отворена забавна фудбалска школа во Гевгелија

Повеќе од 150 деца на возраст од шест до 11 години, вчера и денеска на Градскиот стадион во Гевгелија учествуваа во традиционалната спортско-забавна манифестација „Отворена фудбалска школа 2019″.

– На тревникот кој го поделивме на неколку полигони, со несебична помош од неколку наставници по физичко воспитување и фудбалски тренери, им помогнавме на децата низ фудбалско забавни и музички игри правилно да го развиваат спортскиот и натпреварувачкиот дух во себе што е и главна цел на оваа традиционална манифестација, изјави Томе Андреев, координатор на проектот во Гевгелија.

Овој хуманитарен, политички неутрален и непрофитен проект, кој е покренат и организиран од една данска асоцијација во Гевгелија се одржа под покровителство на Општина Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот