Отворена е истрага против двајцата дилери фатени со 65 килограми марихуана – еве каква им била шемата
Основното јавно обвинителство во Велес отвори истрага против двајцата фатени со 45 килограми марихуана на наплатната станица Стоби, блиску до Градско. Тие се осомничени за неовластено производство и трговија со дрога, односно за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Препорачано
Според обвинителството, двајцата заедно организирале нелегален превоз на околу 65 килограми марихуана.
Како што се наведува, првоосомничениот, 38-годишен скопјанец, ја транспортирал дрогата во автомобил со скопски таблички, каде таа била сместена во четири големи црни патни торби. Второосомничениот, 55-годишник од Кавадарци, се движел со друго возило и имал улога на претходница, односно требало да предупредува доколку на патот има полициски контроли.
Полицијата на наплатната рампа забележала сомнително однесување на возилото во кое се превезувала дрогата. Кога на возачот му било наредено да запре за проверка на идентитетот, тој избегал со голема брзина кон Градско. Сепак, полициските службеници успеале да го стигнат и при прегледот на автомобилот ја пронашле марихуаната.
Обвинителот до судијата во претходна постапка при Основниот суд во Велес веќе доставил предлог за определување притвор за првиот осомничен.
ВИДЕО | Две лица приведени и запленети 65 килограми марихуана кај Градско


