Фото: РФМ

Отпадна еден ракометар за ЕП, Лазаров повикa замена

Репрезентативецот и ракометар на Алкалоид, Валентин Карасманакис, поради повреда нема да настапи на претстојното Европско првенство.

Станува збор за скршеница на прст на раката, поради која Карасманакис не е во можност да биде дел од националниот тим на големиот турнир. Селекторот Кире Лазаров како негова замена го повика Никола Маркоски.

Македонската репрезентација настапот на Европското првенство ќе го започне на 16 јануари со дуел против Данска, а во групната фаза ќе се соочи и со селекциите на Португалија и Романија, на 18 и 20 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот