Откриени детали од тестаментот на принцезата Дијана: Колку вредел и кој ги наследил нејзините пари?

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Непрежалената британска принцеза Дијана, кралицата на срцата, вчера ќе наполнеше 61 година. Нејзиниот постар син, Вилијам, оддаде трогателна почит на својата мајка во писмото што го испрати до добитниците на наградата што го носи нејзиното име, а која се доделува секој 1 јули од 1999 година на млади луѓе на возраст од девет до 25 години кои се занимаваат со некоја општествено корисна активност во која било област од животот, од хуманитарна работа до спорт и помагаат на другите. Акцентот е исто така и на програмите против малтретирање, како и менторството во различни области.

И Вилијам и Хари ја поддржуваат оваа награда од самиот почеток и се вклучени во сите активности околу неа.

принц вилијам принцеза дијана
Фото: Профимедиа

Финансирањето се собира преку донации, а дел од парите, како што се тврди, се од наследството на принцезата која имаше само 36 години кога загинала во сообраќајна несреќа во парискиот тунел Pont de l’Alma.

Токму за тоа наследство пишуваат британските медиуми кои анализираат што и на кого оставила трагично починатата принцеза по смртта.

Така „Мирор“ пишува дека Лејди Ди, иако многу млада, сепак имала напишан тестамент. Таков е, велат, обичајот во аристократските семејства како она од кое таа била, а во исто време и како сопруга на наследникот на британскиот трон, принцот Чарлс.

принц вилијам принцеза дијана
Фото: Профимедиа

Дијана, велат тие, била многу дарежлива во својат тестамен. Сакала да биде сигурна дека и двата нејзини сина ќе бидат финансиски згрижени по нејзината смрт, но пари дала и на своите кумчиња, омилените вработени и за хуманитарни цели. Во моментот на нејзината смрт, имотот на поранешната принцеза од Велс бил проценет на повеќе од 21 милион фунти. Парите дошле од спогодбата за развод со принцот Чарлс, но и од акции, накит, готовина, лични предмети од семејната куќа во палатата Кенсингтон.

Иако даноците на наследството зеле голем дел од тоа богатство, по сите трошоци се смета дека за наследниците останале повеќе од 13 милиони фунти.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пол Бурел, батлерот и доверлив човек на Дијана, добил 50.000 фунти, а бројните кумчиња вредни предмети, како што се слики и порцелан. Добротворните организации со кои соработувала добиле и повеќе од 100.000 фунти. Дел од нејзината облека и накит се наменети за продажба за хуманитарни цели, дел се чуваат. Исто така, на хуманитарните здруженија назначени од неа им е дозволено да го користат нејзиното име и авторските права поврзани со неа за комерцијални цели.

Сѐ што останало, а според некои проценки е околу 8,5 милиони фунти, било наменето за принцовите Хари и Вилијам. Со текот на годините, преку паметни инвестиции, богатството повторно пораснало на 20 милиони фунти. Дел од тие пари принцовите ги добиле по 25-тиот роденден, дел по 30-тиот роденден.

Принцезата Дијана
Фото: Профимедиа

Принцот Хари, кој оваа година не дојде во Велика Британија на одбележувањето на роденденот на својата мајка, во фамозното интервју што тој и неговата сопруга Меган Маркл ѝ го дадоа на Опра Винфри, рече дека откако престанале да ги извршуваат должностите за кралското семејство и се преселиле во САД, живееле од парите на мајка му. Тој рече дека „Фирмата“ (кралското семејство) престанала да го финансира.

– Го имавме она што ми го остави мајка ми. Без тоа не би можел ова да го направам. Како да видела што ќе се случи и била со нас цело ова време – рекол одбегнатиот принц .

„Кралицата на срцата“ остана вечен непребол: На денешен ден светот ја изгуби принцезата Дијана

Ќерката на Кејт Мидлтон или ќерката на Меган Маркл? Која внука ќе го наследи скапоцениот накит на принцезата Дијана

ФОТО | Принцовите повторно заедно: Ја отскрија статуата на принцезата Дијана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот