„Кралицата на срцата“ остана вечен непребол: На денешен ден светот ја изгуби принцезата Дијана

Фото: Instagram

На денешен ден омилената принцеза на целиот свет го загуби животот на само 36 години, оставајќи го светот во шок. Дијана беше најпозната по својот опуштен стил и по нејзината хуманитарна работа.

На 31 август 1997 година, нешто по полноќ во тунелот Пон де лА Алма во Париз принцезата Дијана во црниот Мерцедес бегајќи од папараците, трагично го загуби својот живот. Под неразјаснети околности, автомобилот изгубил контрола и удрил во столб…

„Боже, што се случи?“, Дијана ги прашала докторите кои први ѝ пришле на местото на несреќата, и тоа биле нејзините последни зборови, пишува „Дејли Мејл“.

Заедно со Дијана во автомобилот, заедно со возачот и телохранителот, бил и Доди Фајед, египетскиот режисер и син на многу попознатиот милијардер Мохамед Ал Фајед.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот