Откриени 88 хектари кока во Хондурас

Фото Архива

Во планините во централниот дел на Хондурас откриени се 88 хектари кока, соопшти армијата на оваа латиноамериканска земја. Нивите заедно со лабораторијата за производство на кокаин се одземени.

Оваа операција во општина Лимонес е резултат на „разузнавачка работа“, се вели во соопштението на армијата.

Од почетокот на годината во Хондурас се откриени повеќе од милион растенија кока и четири тајни лаборатории.

Во 2022 година биле запленети 4,12 тони кокаин, додека во 2021 година биле запленети 11,72 тони.

Хондурас е главната транзитна земја за колумбискиот кокаин и други наркотици наменети првенствено за северноамериканскиот пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот