Бенџи Грегори во 2021 година и за време на снимањето на серијата „Алф“ / Фото: Инстаграм/Profimedia
Откриена причината за смртта на Бенџи Грегори, актерот кој го глумеше Брајан во серијата „Алф“
К.С.
Пред
Бенџи Грегори, актерот најпознат по улогата во серијата „Алф“ („Alf“), почина на 46-годишна возраст во јуни годинава. Тој беше пронајден мртов во својот автомобил на паркинг на банка во Аризона.
Канцеларијата на шерифот на округот Марикопа сега откри дека дека смртта на актерот била, всушност, несреќа. Извештајот укажува дека Грегори починал од топлотен удар. Имено, тие денови биле измерени околу 42 степени целзиусови во Аризона. Во возилото со актерот било пронајдено и неговото куче Ханс, кое исто така починало.
Бенџи Грегори со неговото куче / Фото: Инстаграм/Бенџи Грегори
Ребека, постарата сестра на актерот, претходно изјави за „Ти-ем-зи“ дека Грегори се борел со депресија и биполарно растројство и дека страдал од несоница. Поради ова, тој бил буден со денови.
Да потсетиме, Грегори глумеше во 101 епизода на серијата „Алф“ помеѓу 1986 и 1990 година. Иако по серијата ја продолжи својата актерска кариера, не доживеа преголема слава и во 2003 година реши да ја напушти забавната индустрија и да се приклучи на морнарицата.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ВИДЕО | Приватното видео на Роналдо и Георгина собра 14 милиони лајкови за помалку од 24 часа 2 ФОТО | Kлоп со една фотографија од Светското првенство ги налути навивачите на Звезда 3 …