Откриена најсреќната земја во Европа во 2023 година

Виена - Австрија / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Новите податоци на агенцијата за статистика на ЕУ ја рангираат Австрија како најсреќна земја во 27-члениот блок.

Според „показателите за квалитет на животот“ на Евростат, Австрија имала највисока оценка за среќа од која било земја-членка на ЕУ – 7,9 од 10. Податоците се базираат на анкети спроведени во секоја земја-членка, пишува „Индепендент“.

Од друга страна, Германија забележа голем пад и 2023 година ја заврши со оценка од 6,5 – се верува дека тамошната финансиска состојба има прилично штетно влијание врз среќата на луѓето. Единствената земја која помина полошо од Германија на оваа листа е Бугарија, со 5,6 поени на вкупниот индекс на задоволство од животот.

Сепак, публикацијата наведува дека факторите како што се нивото на образование, семејството и финансиската стабилност имале најголемо влијание врз исходот од студијата, наместо само богатството. Ова е поткрепено со фактот дека областите кои традиционално имаат пониски просечни приходи, Романија и Полска, се двете места каде што задоволството од животот е највисоко. И на двете земји вртоглаво им се зголеми популарноста како туристички дестинации.

Што се однесува до нашиот регион, Словенија е на високо 4 место, Хрватска е на 10, а Грција на 11 место.

Погледнете ја целосната листа.

1. Австрија

2. Полска, Романија, Финска

3. Белгија, Холандија

4. Данска, Словенија

5. Чешка, Ирска, Малта, Шведска

6. Естонија, Италија, Кипар, Луксембург

7. Шпанија, Литванија

8. Франција, Португалија, Словачка

9. Унгарија

10. Хрватска, Латвија

11. Грција

12. Германија

13. Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот