Откриен е идентитетот на израелскиот војник кој со чекан ја искрши статуата на Исус
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека го идентификувале израелскиот војник кој беше виден како крши статуа на Исус со чекан во јужен Либан.
Препорачано
Во соопштението се наведува дека ќе бидат преземени мерки против оние кои учествувале во инцидентот во христијанското село Дебел.
Израелските одбранбени сили претходно денеска објавија дека започнале истрага за инцидент во јужен Либан во кој израелски војник со чекан скршил статуа на Исус Христос.
„По завршувањето на првичниот преглед на фотографијата објавена претходно денеска, на која се гледа војник на ИДФ како осквернува христијански симбол, беше утврдено дека фотографијата прикажува војник на ИДФ како дејствува во јужен Либан. ИДФ го следи нцидентот со голема сериозност и нагласува дека однесувањето на војникот е целосно некомпатибилно со вредностите што се очекуваат од неговите војници“, се наведува во соопштението објавено од ИДФ на платформата „Икс“.
Во соопштението се наведува дека инцидентот го истражува Северната команда и дека моментно се решава преку командниот синџир.
Поглаварите на католичките цркви во Израел велат дека уништувањето на статуата на Исус од војниците на ИДФ во Либан открива „вознемирувачки неуспех во моралното и човечкото формирање“.
Тие изразија „длабока огорченост и безрезервна осуда“ на чинот, наведувајќи во писмена изјава дека „дури и најосновното почитување на светоста и достоинството на другите е сериозно компромитирано“.
The IDF is currently examining the reliability of the photograph.
If this is indeed a real, recent picture, these actions do not align with the IDF’s values and the behavior expected of IDF soldiers.The incident will be investigated thoroughly and in depth, and if… pic.twitter.com/xMTtEMp4dS
— LTC Nadav Shoshani (@LTC_Shoshani) April 19, 2026


