Откако многумина ја поврзуваа со Џефри Епстин, Парис Хилтон ја кажа нејзината страна
Парис Хилтон се најде во центарот на драмата поврзана со Џефри Епстин, а сега реши да открие за што точно станува збор и дали воопшто ја познава неговата партнерка, Гислејн Максвел
.Името на Парис Хилтон некогаш често се појавуваше во медиумите, особено кога излегуваше со своите пријателки. Приказната што неодамна повторно се прошири наводно се случила за време на едно излегување кога Хилтон имала 19 години и наводно ја запознала Гислејн Максвел, пишува „Дејли Мејл“.
Препорачано
Гислејн Максвел тогаш била партнерка на Џефри Епстин, а јавноста ја познава по нејзината улога на „главна регрутерка“ и соучесничка во неговата операција за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.
Британскиот новинар Кристофер Мејсон во 2020 година ја раскажа приказната што се случила пред повеќе од 20 години, а која наводно открива поврзаност меѓу Хилтон, Максвел и Епстин.
Според него, Максвел ја забележала Хилтон на една забава и сметала дека таа е „совршена за Епстин“. Мејсон го опиша целиот настан во документарната серија „Преживувајќи го Џефри Епстин“, а сега на сè реагираше и Парис, која тврди дека воопшто не се сеќава дека некогаш ја запознала Максвел.
Во новото интервју за списанието „Сандеј Тајмс“, Парис изјавила:
„Не се сеќавам дека некогаш сум ја запознала“.
Таа исто така даде објаснување зошто е вовлечена во целата драма. Според неа, тоа е поради нејзината репутација и поради името што едноставно привлекува кликови на социјалните мрежи:
„Јас сум такво добро име за привлекување на кликови“, изјавила Хилтон.


