Луѓе маршираат во Колумбија/ Фото EPA-EFE/Luis Eduardo Noriega A

Oтцепените Револуционерни вооружени сили на Колумбија ги прекинаа мировните преговори со владата

Главната фракција на отцепените Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) објави дека ги напушта мировните преговори, наведувајќи го како причина „непочитувањето“ на договорот од страна на владата, пренесуваат француските медиуми.

„Соопштуваме дека од денеска ги прекинуваме преговорите и го отфрламе дневниот ред договорен меѓу левичарската влада на Густаво Петро и групата, позната како ЕМС-ФАРК, која го отфрли историскиот договор од 2016 година….“ се наведува во соопштението.

Во текстот на групата не се прецизира природата на наводните прекршувања на договорот. Групата само соопшти дека „непочитувањето“ на државата е „целосно“ и дека владата „продолжува да ја поддржува милитаристичката визија“ со спроведување операции на територии каде што се присутни силите на ЕМС-ФАРК.

Разговорите насочени кон демобилизација на околу 3.500 бунтовници и конечно ставање крај на нивниот вооружен бунт почнаа кон средината на октомври во Тибу, на североистокот на земјата, област каде што се одгледуваат листовите кока, главната состојка на кокаинот. Тие беа одложени бидејќи сепаратистите, кои се сметаат за вистински наследници на ФАРК, во последните месеци значително ги зајакнаа своите операции против безбедносните сили во обид да ја подобрат нивната контрола врз областите на трговијата со дрога. Со официјалниот почеток на овие разговори почна тримесечен билатерален прекин на огнот, согласно указ издаден од Министерството за одбрана.

Според истото соопштение од ФАРК, се очекува прекинот на огнот и натаму да се почитува.

Засега нема коментар од колумбиската Влада или од вооружените сили, пренесуваат француските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот