Отцепените републики Доњецк и Луганск предложија амбасадори во Москва

Фото: Alexander Ryumin / TASS / Profimedia

Околу два и пол месеци по нивното признавање од страна на Русија, самопрогласените источноукраински народни републики Доњецк и Луганск номинираа амбасадори во Москва, пренесе ДПА.

Проруските сепаратисти од Доњецк најавија дека нивните интереси во Москва во иднина ќе ги застапува политичарката Олга Макеева, додека Луганск во Москва ќе го испрати поранешниот новинар Родион Мирошник, кој пред години работеше за тогашниот украински претседател Виктор Јанукович, тесно поврзан со Русија.

Три дена по признавањето на отцепените републики, рускиот претседател Владимир Путин нареди напад врз Украина. По неуспехот да го освои Киев, руските воени напори сега се фокусираат на зајакнување и проширување на руските сепаратистички области во источна Украина, пренесува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот