Осум дена притвор за Емил Јакимовски

Освен за семејно насилство, ОЈО го сомничи за уште две кривични дела.

Осумдневен притвор за Емил Јакимовски поради опасност од бегство, одреди судот.

По пријава за семејно насилство, Основното јавно обвинителство побара мерка притвор за поранешниот вработен во Централен регистар, Емил Јакимовски.

Тој вчера беше приведен и задржан во полиција. Денеска беше изведен пред судија на претходна постапка кој му одреди осумдневен притвор.

Освен за семејно насилство, ОЈО го сомничи за уште две кривични дела.

Тој пред неколку дена беше и на разговор во полиција по пријавите за закани до новинари и вработени во институцијата од каде што доби отказ. Јакимовски веќе има една правосилна условна пресуда за семејно насилство, а вчера беше уапсен поради непочитување на мерките во пресудата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот