Осуденик од психијатриската болница „Бардовци“ починал откако бил прободен со стаклено шише
Од МВР информираат дека ноќеска околу 00:50 часот избила тепачка меѓу двајца осуденици во Психијатриската болница Бардовци во која еден од нив, на возраст од 62 години, им подлегнал на повредите здобиени од убоди со стаклено шише и починал во болница.
Препорачано
„На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.Т. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, се вели во соопштението.
35-годишниот сторител Д.С. веќе бил осуден за „убиство“, додека пак починатиот И.Т. бил осуден за семејно насилство.
Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот и по целосно расчистување и документирање на случајот и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.


