Оставка поднесе министерката за информации во Либан

Фото: Архива/ЕПА

Министерката за информации на Либан, Манал Абдел-Самад, денеска поднесе оставка и тоа е првата откако во експлозија на пристаниште загинаа повеќе од 150 луѓе и уништен е дел од Бејрут.

Министерката за информации на Либан, Манал Абдел-Самад, денеска поднесе оставка и тоа е првата откако во експлозија на пристаниште загинаа повеќе од 150 луѓе и уништен е дел од Бејрут.

„По огромната катастрофа во Бејрут, поднесувам моја оставка од владата”, наведе таа во изјавата што ја пренесоа локалните медиуми. Таа упати и извинување на либанската јавност.

Премиерот на Либан, Хасан Диаб вчера најави дека ќе предложи одржување предвремени избори во земјата, откако експлозијата во центарот на Бејрут во вторникот ја продлабочи кризата.

Во телевизиско обраќање, Диаб ги повика сите политички партии да ги остават несогласувањата настрана и да работат заедно.

Бројот на загинати во експлозијата во центарот на Бејрут што се случи во вторникот   се искачи на 158, а повредени се повеќе од 6.000 лица, соопшти либанското Министерство за здравство.

Како што се наведува, 21 лице се водат како исчезнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот