Настанот ќе се одржи во Културен центар „Култ“ во Охрид

Осмото издание на серијата книжевни гостувања „Добри гости“ на „ПНВ Публикации“ ќе се одржи во Охрид

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „Поетска ноќ во Велестово“ од Охрид и „Култура Бета“ од Скопје, в сабота, на 7 февруари, во Охрид ќе го реализира осмото издание на проектот „Добри гости“, преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.

Настанот „Добри гости“ ќе се одржи на 7 февруари, во Културен центар „Култ“ во Охрид, со почеток од 18:30 часот, и поддржан е од Општина Охрид, како неофицијален настан од програмата на „Прличеви беседи“ за 2026 година.

На осмото издание на „Добри гости“ во Охрид ќе учествуваат: Игор Анѓелков, Снежана Младеновска Анѓелков, Теодор Тасевски, Јана Секулоска, Марија Велинова, Тони Попов, Марина Шикова Димовска, Јордан Коцевски, Марина Икономова Шокева, Зоран Јакимоски, Славе Ѓорѓо Димоски, Мирко Томовски, Митре Мангоски Радождански, Митко Колјушевски, Андреј Медиќ Лазаревски и Јулијана Величковска.

Настанот ќе почне со промоција на најновата стихозбирка на Андреј Медиќ Лазаревски ‒ „Багет полн печени полжави полиени со уље истечено од Вардаровите галии“, издание на „Култура Бета“. Промотор ќе биде Јулијана Величковска, а потем ќе следува и книжевното читање на кое ќе настапат сите учесници.

Серијата „Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично.

Проектот досега се одржа во Штип, во Тетово, во Струмица, во Демир Хисар, во Куманово, во Охрид и во Прилеп, а планирани се гостувања во уште градови низ земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот