Бујар Османи во ОН/ Фото: ОН/Manuel Elías

Османи во Барселона на Регионалниот форум на Унијата за Медитеранот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Барселона ќе учествува на Регионалниот форум на Унијата за Медитеранот.

Како што информира МНР, Османи е поканет од високиот претставник и потпретседател на Европската комисја Жозеп Борел и заменик-премиерот и министер за надворешни работи Кралството Јордан, Ајман Сафади.

На осмиот Регионален форум на Унијата за Медитеранот ќе учествуваат министрите за надворешни работи на 43 земји членки на Унијата за Медитеранот.

Во фокусот на дискусиите, како што наведува МНР, ќе биде ситуацијата во Израел – Палестина и последиците за регионот на Блискиот Исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот