Османи: ДУИ ќе го почитува принципот „победник со победник“

Османи тврди дека ДУИ никогаш нема да дозволи укинување на Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за употреба на јазиците.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во интервју за Газета Експрес вели дека ДУИ на следните избори ќе настапи сама, но ги повика албанските опозициски партии да се обединат се со цел обединување на албанскиот глас.

Во однос на коалицирање со македонски партии по изборите, Османи вели дека ДУИ ќе го почитува принципот „победник со победник“. Тоа подразбира дека тие ќе коалицираат со победничката партија во македонскиот блок, без оглед дали тоа е СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, Османи тврди дека ДУИ никогаш нема да дозволи укинување на Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за употреба на јазиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот