О`Саливен: Ѓоковиќ е во Топ 5 најдобри спортисти на сите времиња

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Најдобриот светски снукер играч Рони О’Саливен изјави дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е меѓу петте најдобри спортисти на сите времиња, пренесе „Еуроспорт“.

Поранешниот англиски фудбалер Џејми Карагер неодамна ги прогласи О’Саливен, атлетичарот Усеин Болт и боксерот Флојд Мејведер за тројцата најдобри спортисти на сите времиња, а Шкотланѓанецот ја состави неговата листа поласкан од коментарите на поранешниот играч на Ливерпул.

– Морам да појаснам што кажа Карагер. Тој избра три од најдобрите од спортовите што ги сака. Карагер очигледно сака снукер, но не беа избрани тројцата најдобри спортисти на сите времиња – рече познатиот снукер.

Ја состави својата листа на најдобрите пет спортисти на сите времиња.

– Аиртон Сена, Мухамед Али, Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер и Тајгер Вудс. Ги сакам победниците, а петмината се победници – се зборовите на О`Саливен.

Тој вели дека мора да му се восхитувате на српскиот тенисер Ѓоковиќ.

– Тој е најдобриот играч на сите времиња и ќе освои најмногу Грен слемови во историјата на тенисот. Тука се и Рожер Федерер и Рафаел Надал, тројцата се феноменална појава за спортот. Доколку се споредиме јас и Новак, имаме различни стилови на игра, јас сум повеќе како Федерер. Рожер има самодоверба, но Новак е повеќе микс на стилови и има сè во себе – рече О`Саливен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот