Осака ги повика граѓаните да донираат мантили за дожд на болниците

epa-efe
Болница во Италија /Фото: EPA

Во Осака се регистрирани речиси 900 случаи на заразени од новиот коронавирус и претставува најпогоден град по Токио.

Јапонскиот град Осака ги повика своите жители да ги донираат пластичните мантили кои штитат од дожд како помош на болниците кои немаат заштитна опрема за медицинскиот персонал.

Градоначалникот на Осака Ичиро Мацуи рече дека некои здравствени работници носат вреќи за ѓубре додека ги лекуваат пациентите, пренесе Би-Би-Си.

– Ако се заразат лекарите, никогаш нема да го победиме коронавирусот, рече Мацуи и додаде дека постои голем недостиг на заштитна опрема.

На веб-страницата на градот Осака наведено е дека се прифатливи сите бои и стилови мантили кои се наменети за возрасни лица.

Во Осака се регистрирани речиси 900 случаи на заразени од новиот коронавирус и претставува најпогоден град по Токио.

Во Јапонија има повеќе од 8.000 заразени со Ковид-19 и 166 починати.

Јапонските медицински служби веќе предупредија денеска дека ургентната медицината во земјата се соочува со колапспоради големиот број на луѓе кои се заразени од коронавирусот, што исто така би можело да доведе до колапс на целиот здравствен систем.

Во заедничката изјава на јапонското Здружение за акутна медицина и Здружението за итни случаи се посочува дека многу болници одбиваат итни случаи, вклучувајќи мозочни удари и срцев удар и надворешни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот