Организирани се чартер летови за евакуација на наши граѓани од Дубаи, Катар и од Кувајт
До средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање, соопшти МНРиНТ.
Првата група македонски граѓани која ќе биде евакуирана денеска ќе отпатува од Дубаи кон Скопје, изјави премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека се организирани чартер летови од Саудиска Арабија, кои ќе ги прифатат македонските граѓани присутни во Катар и од Кувајт.
Препорачано
Очекувањата, како што рече, се дека овие патници ќе отпатуваат во среда.
„Деновиве се организирани вкупно четири чартер летови, со неколку десетици слободни места. Дел од државите во регионот замолија и нивни граѓани да пренесеме, односно да ги донесеме во Македонија“, рече Мицкоски.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија претходно соопшти дека денеска почнува евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови. Се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање.


