Организаторот на ОИ во Токио ќе вакцинира 40.000 волонтери

Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Организацискиот одбор на Олимписките игри во Токио, соопшти дека ќе се вакцинираат 40.000 работници односно волонтери кои ќе учествуваат како поддршка на најголемиот спортски настан на светот.

– Работиме на тоа сите кои ќе бидат дел од Игрите да ги имунизираме со што можноста за ширење на коронавирусот драстично ќе се намали – изјави Тамајо Марукава, министерот задолжен за Олимписките игри.

Процесот на вакцинација ќе започне на 17. јуни во тренинг центарот во Токио. Главниот град на Јапонија сè уште е под вонредна состојба, а здравствените работници се загрижени бидејќи поради Олимписките игри може да се зголеми ширењето на заразата.
Организаторот исто така соопшти дека сите учесници на ОИ ќе добијат прирачник во кој ќе биде објаснето како мора да се однесуваат, а доколку не ги почитуваат мерките ќе бидат исфрлени од Игрите. Според најавите, спортистите и претставниците на медиумите нема да смеат слободно да се движат низ Токио иако се вакцинирани и единствена релација ќе им биде од хотелите до спортските борилишта и назад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот