Камчев на црната листа на САД – најматен настан во јули според Транспаренси Интернешнл-Македонија

Фото: МИА

Како дел од проектот „Бистро-матно“ за редовни месечни и годишни анкети за корупција, „Транспаренси интернешнл-Македонија“, ги објави настаните кои беа актуелни во јули.

Како дел од „матните“ настани во месец јули прв на листата е вметнувањето на Орце Камчев на црната листа на САД.

„Орце Камчев ја злупотребил својата позиција, ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи себична агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Северна Македонија“, изјави потсекретарот на Министерството за финансии на САД Брајан Е. Нелсон и додаде: „Остануваме посветени на повикување на одговорност на сторителите на корупција“.

Од Транспаренси го потенцираат и барањето на ДКСК за кривичен прогон на Даштевски за набавката на „Фингерприн уредите“.

„ДКСК одлучи да поднесе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење за сите одговорни во Државната изборна комисија (ДИК) до ОЈО ГОКК, а во врска со набавката на опремата за гласање со идентификација на отпечаток на прст. Антикорупционерите сметаат дека при набавката е сторена штета врз Буџетот на РСМ преку пропуштање дејствија, ненавремено постапување, непостапување и злоупотреба на службената положба во корист на трети лица.“

Исто така во „матните“ настани за јули е и случајот на градоначалничката Арсовска која именувала директори спротивно на закон.

„Според ДКСК, Арсовска свесно постапила спротивно на член 353 од Кривичниот законик со незаконското поставување на в.д директори на МКЦ и на Зоолошка градина, бидејќи таа постапувала спротивно на законските одредби.“

Антикорупциска го одмота клопчето на Сеад Кочан, Трансмет и Пуцко Петрол, државата оштетена за милионски суми, вмешани обвинители, судии, нотари, извршители и проценители

„ДКСК откри низа злоупотреби со кои е оштетен буџетот на РСМ и донесе одлука до ОЈО ГОКК да достави иницијатива за сомнежи за намерно оштетување на доверители – РСМ и други, по пат на фалсификување документација, измама и перење други приноси од казниво дело, со цел обезвреднување на имот кој бил во сопственост на РСМ и преземање на неговата сопственост од страна на друго правно лице.“

Во делот на бистрите настани за јули е наведена пресудата на поранешен управен судија осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба, апсењето на радовишанка вработена во катастар, која земала мито од 2.000 денари и кривичната пријава за службеничка во МВР која украла 600.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот